Трамп и неговите адвокати казнети со 930.000 долари за тужба против Клинтон

Кајгана/МИА
/ 20.01.2023 / 10:04

Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда.

– Овој случај никогаш не требаше да биде покренат. Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на неговите правни барања. Ниту еден разумен адвокат не би го водел. Согласно политичката целисходност, ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше легитимно правно барање“, напиша Мидлбрукс во одлуката на 45 страници.

Трамп ја тужеше Клинтон, демократската кандидатка за претседател во 2016 година, тврдејќи дека таа и другите демократи се обиделе да ги наместат изборите со лажно обвинување дека неговата кампања е поврзана со Русија.

Мидлбрукс, кој беше назначен за судија во 1997 година од претседателот Бил Клинтон, го отфрли случајот во септември, нарекувајќи ја тужбата „политички манифест од двесте страници во кој се наведени неговите поплаки против оние што му се спротивставуваат“.

Во 2020 година, Трамп се повлече од претседателската функција откако беше поразен од демократот Џо Бајден, по што тој постојано изнесуваше лажни тврдења, зборувајќи за изборна измама.

Милијардерот најави дека ќе се кандидира на претседателските избори и во 2024 година. 

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Свет

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Read more

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Read more

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Read more

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Read more
 

Вести

Падна таван во гимназија во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Читај повеќе

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Читај повеќе

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Читај повеќе

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Читај повеќе

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Читај повеќе

Закерберг го престигна Безос, сега е втор најбогат човек во светот

Читај повеќе

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Читај повеќе