Претседателот на САД Доналд Трамп дал одобрување на ЦИА да изведува напади со беспилотни летала врз „осомничени терористи“.
За време на мандатот на претходниот претседател на САД Барак Обама, такво право имаше само Пентагон, заради транспарентност, објави Wall Street Journal.
Анонимни извори пренесоа дека Трамп го проширил ова овластување на ЦИА и ѝ го пренел правото на користење дронови при напади од Пентагон.
Администрацијата на Трамп не ја потврди ваквата информација.
Според наводните нови овластувања, ЦИА веќе нема да мора да бара дозвола од Пентагон, ниту од Белата куќа пред да почне активности со вооружени дронови.