Трамп и Путин како некогаш Буш и Горбачов

16 јули 2018, БОН (Дојче веле) - Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се сретнат во една од финските претседателски резиденции, палата со поглед на Балтичкото Море во Хелсинки, во која и порано средби имале претседателите на САД и Советскиот Сојуз, соопштија официјални претставници на властите во Финска.

Кабинетот на финскиот претседател Саули Нинисто објави дека Трамп и Путин ќе се сретнат во претседателската редизденција од 19. век која „може да се погоди со камен“ од строгиот центар на Хелсинки.

Трамп и американската прва дама Меланија, ќе се сретнат на појадок со претседателот на Финска, Нинисто и со неговата сопруга Јени Хаукио. Соопштено е оти Нинисто ќе има билатерален состанок и со Владимир Путин.

Во истата претседателска резиденција во Хелсинки во 1990 година се сретнаа и тогашните претседатели на САД и на Советскиот Сојуз, Џорџ Буш и Михаил Горбачов.

Белата куќа инаку потврди дека состанокот меѓу Трамп и Путин, ќе биде одржан според планираното, и покрај повиците да биде откажан. - Ќе има состанок, изјави портпаролката Сара Хакаби Сандерс.

Обвиненија за руско мешање во изборите во САД

Претходно лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, повика на откажување на самитот поради обвиненијата против 12 наводни руски разузнувачи поради мешање во американските претседателски избори и хакирање на електронската пошта на демократите за време на американските избори во 2016 година.

Шумер рече дека тие обвинувања се „доказ за она што изгледа го разбираат сите освен претседателот, оти претседателот Путин е противник кој се мешал во американските избори за да му помогне на Трамп да победи“.

Тој рече оти Трамп требало да го откаже состанокот со Путин додека Русија не преземе чекори кои докажуваат дека во иднина нема да се меша во изборите.

Според наводите на обвинението, 12 руски разузнувачи украле податоци на 500.000 американски гласачи. Американските разузнувачки агенции наведуваат оти руското мешање имало за цел да помогне на кампањата на Трамп и да нанесе штета на кампањата на Хилари Клинтон.

Руското министерство за надворешени работи го осуди американското обвинување. Во соопштението се наведува оти е „очигледна целта на обвиненијата е да ја расипат атмосферата“ пред закажаниот состанок на претседателите на двете земји.

За тоа во соопштението се обвинети „влијателни политички сили во САД, кои се противат на нормализирање на односите меѓу двете земји и кои 2 години смислувале очигледни измислени клевети“.

- За жалење е фактот дека ширењето погрешни информации во Вашингтон стана стандард и оти се покренуваат кривични предмети поради очигледни политички причини, наведено е во соопштението.

Русија негира дека се мешала во американските избори.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе