Трамп и Путин во конкуренција со покојниот Кашоги за наградата Личност на годината според магазинот Time

Американскиот магазин Time секоја година одржува избор за Личност на годината – признание кое го добива највлијателната личност во светот за изминатата година. Оваа година конкуренцијата е проширена на повеќе од само популарни личности и светски лидери.

Покрај вообичаените имиња како Доналд Трамп и Владимир Путин, магазинот Time оваа година за Личност на годината ги номинираше и новинарот Џамал Кашоги, како и режисерот на филмскиот хит „Black Panther“, Рајан Куглер.

Всушност, наградата за Личност на годината е наменета за онаа личност која најмногу влијаела на светските вести во текот на изминатите 365 дена. Поради тоа, воопшто не е изненадувачки што на листата со номинации се најдоа и разделените семејства на американската граница и средношколците кои маршираа за нивните животи по масовните убиства во училиштето Марџори Стоунмен.

Помеѓу номинираните се најде и Кристин Бласи Форд, која го обвини судијата Брет Кавано за сексуален напад, бидејќи во текот на средината на 2018 година неговото судење беше во фокусот на сите големи медиумиски куќи во светот. Место на листата најдоа и Мун Џае-ин – претседателот на Јужна Кореја, Меган Маркл – актерката која стана дел од британското кралско семејство откако се омажи за принцот Хари, како и американскиот специјален советник Роберт Мјулер, кој ја продолжи истрагата околу руското мешање во изборите во САД.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА. Конечниот победник и добитник на признанието Личност на годината ќе биде објавен веќе утре (12.12.2018), во магазинот Time.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе