Трамп и Сторми: Полиграф тестот потврди дека имало афера

Порно ѕвездата Сторми Даниелс направила тест на детектор за лаги во 2011 година, чии резултати покажале дека ја кажува вистината во врска со аферата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во тестот до кој дојде CBS News, таа вели дека имала незаштитен секс со Трамп во 2006 година. Трамп, кој се ожени со Меланија во 2005 година, жестоко ги негира тврдењата дека имал афера со Даниелс.

Адвокатите на Трамп бараат 20 милиони долари од актерката во тужба во која тврдат дека Даниелс го прекршила договорот за тајност што го потпишала пред изборите во 2016, но таа тврди дека договорот е невалиден бидејќи Трамп не го потпишал.

Сторми Даниелс прв пат изјави дека имала афера со Трамп во интервју за списанието InTouch во 2011 година, а полиграф тестот бил направен за потребите на списанието Life&Style но никогаш не бил објавен. Резултатите од детектор за лаги не се прифаќаат како доказ пред суд во повеќето сојузни држави на САД.

Тестот што бил анализиран со компјутерски алгоритам, бил направен во лабораторијата за физика при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Според спроведениот тест, актерката чие вистинско име е Стефани Клифорд, одговорила со „да“ на следните прашања:

Дали во јули, 2006 година имавте вагинален секс со Доналд Трамп?

Дали во јули, 2006 година имавте незаштитен сексуален однос со Доналд Трамп?

Дали Трамп ви рече дека ќе ве внесе во шоуто The Apprentice?

Реултатите од тестот заклучуваат дека Клифорд вистинито одговорила на прашањето дали имала незаштитен однос со Трамп.

Во интервјуто пред тестот, со полиграф испитувачот Роналд Д. Слеј, Клифорд рекла дека имала секс со Трамп на голф настан во Лејк Тахо, Калифорнија.

Резултатите покажаа дека тестот не дал конкретни резултати на прашањето дали Трамп ѝ ветил на Клифорд место во неговото реално шоу The Apprentice.

Испитувачот за Клифорд напишал дека „нема видливи индикации дека има намера да излаже“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more
 

Вести

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе