Трамп и Зеленски разговараа: На вистинскиот пат сме

Макфакс
/ 19.03.2025 / 19:35

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека околу еден час разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

„Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“.

„Ние сме на вистинскиот пат и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и од советникот за национална безбедност Мајкл Валц да дадат точен опис на точките за кои се разговараше“, рече американскиот лидер, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено официјално соопштение.

Трамп и Путин во вторникот, за време на телефонскиот разговор, се согласија Русија привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети. Путин рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.

Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.

реклама

Свет

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Read more
 

Вести

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Читај повеќе

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Читај повеќе

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Читај повеќе