Трамп или Бајден: Четири психолошки трикови што може да го одредат победникот
Charisma on Command направи една навистина необична анализа во врска со претседателските избори во САД. Авторите на YouTube каналот пред четири години направија слична анализа, кога предвидоа дека Доналд Трамп ќе ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон. Предвидувањето беше направено врз основа на анализата на слогани, медиумска стратегија и реакции на напади во кампањата на секој од кандидатите.
Овојпат, трката е меѓу Трамп и Џо Бајден, а дечките сметаат дека е потесна отколку што се претставува во медиумите.
По првата дебата се видоа недостатоците кај секој од таборите, а со примена на овие психолошки трикови и Бајден и Трамп би можеле да ја свртат ситуацијата во своја предност.