Трамп именува манекенка како директорка за комуникации

Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше својата блиска соработничка и бивша манекенка Хоуп Хикс за нова привремена директорка за комуникации на Белата куќа.

Хикс има 28 години и работела во компанијата на неговата ќерка Иванка Трамп.

На тоа место таа ќе го замени Ентони Скарамучи, банкар од Волстрит, кој беше експресно сменет од функцијата само по десет дена. Хикс ќе биде трета личност  на таа функција откако Трамп е на власт.

Скарамучи беше експресно сменет  откако во јавноста се појави снимен телефонски разговор со новинар, во кој Скарамучи од позицијата директор за комуникации грубо се нафрла врз шефот на кабинетот на Белата куќа, Рајнс Прибус, а не го поштедува од навреди и советникот на Трамп за стратешки прашања, Стив Банон.

Поради неговото поставување на функцијата директор за комуникации, оставка поднесе портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер кој подоцна призна дека бил против, а медиумите во САД тврдеа дека против биле и Прибус и Банон.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе