Трамп ја ангажира војската да ги растера демонстрантите во Вашингтон

МИА/КАЈГАНА
/ 02.06.2020 / 08:48

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја ангажираше војската и Националната гарда за да ги растера демонстрантите околу Белата куќа.

-Јас сум претседател на редот и законот и сојузник на сите мирни демонстранти, изјави Трамп и порача дека ако сојузните држави и градовите не се способни да ја смират ситуацијата, тој може да нареди војската и Националната гарда да го направат тоа.

-Tие брзо ќе ја решат ситуацијата на нивно место, изјави тој додавајќи дека мобилизирал „илјадници тешко вооружени“ војници за да се запрат протестите. Уште еднаш посочи дека земјата е „нападната од терористите на Антифа“. Претходно укажа дека гувернерите треба да „доминираат“ над демонстрантите.

Веднаш потоа паркот Лафајет во близина на Белата куќа беше буквало исчистен. Претходните вечери таму протестираа илјадници лица против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во понеделникот во Минеаполис од страна на полициски службеници за врема на апсење, мачна сцена фатена со камерите на минувачите.

Трамп одржа говор, но интересно, не кажа ништо за полициската бруталност и самоволието на униформираните лица во САД, главната причина за оваа атмосфера во земјата.

Во квартовите околу Белата куќа синоќа беа распоредени возила на воената полиција со околу 230 припадници, помогнати од претставници на Националната гарда и полицијата со коњица на главниот град. Демонстрантите беа агресивно растерани, со употреба на солзавец и гумени куршуми, во хаотични сцени на бркање на луѓето, вресоци и страв, а со цел да се расчисти патот.

По кратко време, Трамп, заедно со раководството на земјата, јавниот обвинител Вилијам Бар, советникот Џаред Кушнер, министерот за одбрана Мајк Еспер, и други воени лица, излегоа од Белата куќа и се прошетаа покрај паркот до Епископската црква Свети Јован.

Позната и како „претседателска“ црквата е изградена на почетокот на 19 век и се наоѓа веднаш наспроти Белата куќа. Верскиот објект беше затворен, и делегацијата не се ни обиде да влезе, а Трамп застана пред влезната врата да позира пред камерите со крената Библија в рака, во очигледен обид да импонира на својата конзервативна гласачка база.

Некои набљудувачи во САД оваа сцена ја опишаа како „надреална“, како лошо „реалити шоу“, со оглед на бранот протести што ги заплисна САД по убиството на Флојд, наспроти постапките на претседателот кој како диктатор бара ангажман на армијата против своите граѓани.

Во САД никогаш досега, освен за време на Граѓанската војна во 19 век, армијата не била ангажирана против американски граѓани.

-Нацијата бара лидер кој ќе пренесе порака на помирување и на утеха, а не да употребува диктаторски мерки, изјави за CNN градоначалничката на Минесота, државата каде во вторникот најпрвин започнаа протестите.

Властите во Вашингтон синоќа за првпат по 1942 година воведаа полициски час, кој траеше од 19 часот до ранo изутрина и ќе има уште оваа вечер.

Поради немирите, палењето објекти и автомобили, уништување привати бизниси и грабежи, полициски часови беа воведени во уште десетина градови во САД, најголемите од нив се Лос Анџелес, Атланта и Њујорк, со почеток во 23 часот до утринските часови. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе