Трамп: Кина ја користи трговијата за да влијае врз изборите во САД

Вашингтон, 18 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување дополнителни царини за увоз на кинески производи, обвинувајќи ја при тоа Кина дека ја користи трговијата за да влијае врз изборите во САД.

Трамп нагласи дека новите царини ќе се однесуваат на стоки, чиј увоз „ги загрозува американските земјоделски и индустриски работници и им штети на интерсите на фармерите во САД“.

Претседателот на САД синоќа донесе одлука за воведување дополнителни царини за увоз на кинески стоки од 24 септември. Царините прво ќе изнесуваат 10 отсто, но потоа до крајот на годината ќе бидат зголемеми до 25 проценти, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока од други земји.

На листата за нови царинења се над 6.000 кинески стоки, меѓу кои и широк спектар на електронски производи, мебел, чанти, правосмукалки и градежни материјали.

Како одговор на новите американски мерки, Кина денеска воведе царини за увоз на повеќе стоки произведени во САД.

Покрај за „загрозување на американските рабоници“, Трамп ја обвини Кина и дека ја користи трговијата за да влијае врз изборите за Конгерсот на САД закажани за 6 ноември.

„Кина отворено изјави дека активно се обидува да влијање на нашите избори, со тоа што им наштетува на нашите земјоделци, сточари и индустриски работници. Ќе следуваат големи и итни соодветни економски мерки, ако бидат погодени нашите земјоделци, сточари и индустриски работници“, објави Трамп на Twitter.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе