Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнуваа во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека лидерите на Србија и Косово се прегрнувале во Белата куќа и дека било прекрасно да се видат во таа ситуација, кога постигнале договор за нормализирање на економските односи.

На предизборниот митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу Израел и арапските земји, потенцирајќи пред гласачите дека тој носи мир на конфликтните страни и ги критикуваше водечките американски медиуми дека не известуваат за тоа.

– Косово и Србија се мразеа многу години, не се сакаат, како Израелците и Палестинците. Им реков, ајде да склучиме договор и да создадеме економски мир и мир воопшто. Дојдоа во мојата канцеларија да потпишат. Тие се прегрнаа, беше прекрасно. Спасивме многу животи, рече синоќа Трамп.

Минатата недела, на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп, исто така, рече дека ја заслужува Нобеловата награда за мир затоа што успеа да запре „масовни убиства меѓу Србија и Косово“.

– Сигурен сум дека следното е Нобелова награда за мир. Ние ги запревме масовните убиства меѓу Косово и Србија, изјави Трамп.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти на 4 септември, во Белата куќа, се обврзаа дека ќе ги нормализираат економските односи. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе