Трамп најави крај на „трансродовото лудило“

МАКФАКС
/ 23.12.2024 / 08:10

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека е за продолжување на работата на TikTok во земјата барем на некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на платформата за социјалните медиуми за време на претседателската кампања.

Коментарите на Трамп пред толпата конзервативни поддржувачи во Феникс, Аризона, беа еден од најсилните сигнали досега за неговото противење на можното излегување на TikTok од американскиот пазар.

Во април, Сенатот усвои закон со кој се бара од матичната компанија на TikTok, кинеската ByteDance, да ја продаде апликацијата, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.

Сопствениците на TikTok се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд на САД се согласи да го сослуша случајот. Но, ако судот не донесе одлука во корист на ByteDance и продажбата не се случи, забраната за апликацијата во САД би можела да стапи на сила на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата претседател.

Нејасно е како Трамп ќе постигне поништување на одлуката за продажба на TikTok, која беше изгласана со огромно мнозинство во Сенатот.

„Мислам дека ќе треба да почнеме да размислуваме за тоа затоа што, знаете, отидовме на TikTok и имавме одличен одговор со милијарди и милијарди прегледи“, рече Трамп на толпата на „АмерикаФест“, годишен фестивал, организиран од конзервативната група Turning Point.

„Ми ги покажаа бројките, тие беа рекордни, и беше толку убаво да се види, и додека гледав, реков „добро, можеби треба да го задржиме ова уште некое време“, рече тој.

Трамп во понеделникот се сретна со извршниот директор на TikTok. На прес-конференција истиот ден, тој рече дека TikTok „го добил“ благодарение на успехот на неговата кампања на апликацијата.

Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола над TikTok претставува континуирана закана за националната безбедност, позиција што ја поддржуваат повеќето американски законодавци.

„Ден на ослободувањето“

Во неделата во Феникс, Трамп повторно се сврте кон имиграцијата, уште една омилена тема во неговата кампања.

На првиот ден на функцијата, тој вети дека „ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата на нашата земја. А истиот ден, тој ќе ја започне најголемата операција за депортација во историјата на Соединетите Американски Држави“.

„20 јануари навистина ќе биде ден на ослободување во Америка“, рече тој за време на настан организиран од Turning Point USA, конзервативна младинска организација.

Тој најави и дека ќе го прекине „трансродовото лудило“ уште на првиот ден на функцијата, наведувајќи дека под негова администрација ќе има два пола – машки и женски.

„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на сексуалното осакатување на децата, исклучување на трансродовите лица од војската и исклучување од нашите основни и средни училишта“.

Трамп им вети на толпата млади конзервативци „да ги чува мажите надвор од женскиот спорт“, додавајќи дека „официјалната политика на владата на САД ќе биде дека има само два пола, машки и женски“.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Свет

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Read more

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Read more

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе