Трамп: Не ги слушам експертите за коронавирус

Откако бројот на заразени со новиот коронавирус во САД надмина 3 милиони луѓе и регистриран е втор дневен рекорд на повеќе од 60.000 заразени, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговата земја е во „добра позиција“ и призна дека „не ги слуша неговите експерти“ пишува The Guardian.

Тој исто така јавно го критикуваше докторот Ентони Фаучи, највлијателниот експерт во штабот на Белата куќа за борба против коронавирусот, кој на почетокот од неделава рече дека САД се „заглавени во првиот бран“ на пандемијата.

САД имаат најголем број смртни случаи на коронавирус во светот – над 130.000 жртви.

– Не се согласувам со него. Знаете, доктор Фаучи рече дека„ не носете маски“ и сега повикува да ги носиме. И вие знаете, тој кажа многу работи: Не ja затворајте Кина, не ja забранувајте Кина. И јас сепак го направив тоа. Не ги послушав моите експерти и ја забранив Кина, рече Трамп во интервјуто за Gray TV кое ќе биде емитувано во недела.

На почетокот на кризата, Фаучи редовно ја известуваше американската јавност за состојбата со коронавирусот, но поради тензиите со Трамп, експертот престана да се појавува во медиумите.

Повеќето високи функционери на републиканците и службеници советуваат да се носат маски. Но, Трамп одбива да носи маска на јавни места и ги советува Американците да го прават истото.

Голем број јужни држави регистрираа рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во последните неколку недели од олеснувањето на мерките кон крајот на мај.

Сепак, Трамп вели дека во следните две до четири недели „мисли дека САД ќе бидат во многу добра форма“. Тој претходно неколку пати рече дека вирусот едноставно ќе исчезне и оти 99 проценти од случаите не се опасни.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе