Свет

Трамп: Не го предупредив Иран за нападот

23. јуни 2019 - 16:50 | МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира денешните медиумски извештаи дека на Иран му била испратена предупредувачка порака за американскиот напад, кој подоцна беше откажан.

Ирански извори за американски медиуми претходно изјавија дека Трамп преку Оман го предупредил Техеран оти нападот на САД е неизбежен.

„Не сум ја испратил таа порака. Не сакам војна“, изјави Трамп.

Американскиот претседател смета дека Иран сака да преговара.

„И мислам дека сакаат договор. А мојот договор е нуклеарен. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Мислам дека не им се допаѓа позицијата во која се наоѓаат. Нивната економија е апсолутно уништена“, рече Трамп.

Коментирај