Трамп не се откажува: Гренланд мора да биде наш

Макфакс
/ 27.03.2025 / 11:54

Откако се врати на власт во јануари, Доналд Трамп постојано повторува дека Соединетите Американски Држави мора да ја преземат контролата врз Гренланд, не исклучувајќи ја можноста за употреба на сила за да се постигне таа цел.

„Потребен ни е Гренланд за меѓународна безбедност. Ни треба. Мора да го имаме. Мразам да го кажувам ова, но едноставно мораме да го имаме“, рече Трамп во интервју за подкастерот Винс Коглианези.

Гренланд, кој се стреми кон независност од Данска, е богат со неискористени резерви на минерали и нафта. Неговата стратешка позиција меѓу Северна Америка и Европа го прави клучна област во времето на растечката геополитичка трка меѓу САД, Кина и Русија за доминација над Арктикот.

На прашањето дали мисли дека народот на Гренланд е подготвен да стане дел од САД, Трамп рече дека не е сигурен. „Мораме да ги убедиме. И мора да ја имаме таа територија, бидејќи без неа не можеме соодветно да одбраниме голем дел од светот, не само Америка“, рече американскиот претседател.

Изјавите на Трамп предизвикаа реакција кај данската премиерка Мете Фредериксен, која се огласи на социјалните мрежи.

„Не смееме да имаме илузии – интересот на претседателот Трамп за Гренланд не исчезнува. Тие знаат дека Гренланд не е на продажба. Тие знаат дека Гренланд не сака да биде дел од САД“, напиша Фредериксен на Facebook.

Изјавите на Трамп доаѓаат во време кога американскиот потпретседател ЏејДи Венс се подготвува да ја посети американската воена база на Гренланд.

Иако гренландските власти со години нагласуваат дека не сакаат да бидат дел од Данска или САД, според анкетите, мнозинството граѓани поддржуваат целосна независност, но не и приклучување кон Вашингтон. По изборите одржани на 11 март, Гренланд моментално има преодна влада, додека политичките партии сѐ уште преговараат за формирање нова коалициска влада.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Свет

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Read more

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Read more

Вагнер е „воскреснат“ и има нова мисија

Read more

Ендрју Тејт тврди дека Епстин е жив

Read more
 

Вести

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Читај повеќе

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Читај повеќе

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Читај повеќе

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Читај повеќе

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Читај повеќе

Менаџер на продавница во Чаир украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб

Читај повеќе

За една недела 4.490 сообраќајни прекршоци регистрирал Безбеден град

Читај повеќе

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе