Свет

Трамп негира апсење шпиони на ЦИА во Иран

22. јули 2019 - 16:08 | МИА

Вашингтон, 22 јули 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп категорично негира дека Иран уапсил 17 лица кои Техеран ги обвинил дека се шпиони на ЦИА и дека некои се веќе осудени на смртна казна.

„Извештајот за заробување шпиони на ЦИА од страна на Иран е целосно лажен”, напиша Трамп на Twitter.

„Нула вистина. Само уште повеќе лаги и пропаганда што објавува религиозен режим кој е лош и нема идеја што да прави”, вели Трамп. 

Коментирај