Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Повторувајќи ги зборовите на францускиот владетел Наполеон Бонапарта, американскиот претседател Доналд Трамп вчера се огласи на социјалните мрежи.

„Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон“, објави републиканецот Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Оваа изрека му се припишува на францускиот војсководец кој го создал Наполеоновиот законик за граѓанско право во 1804 година, пред да се прогласи за цар.

Објавата на Трамп веднаш наиде на критики кај демократите.

„Како што би рекол вистински диктатор“, напиша сенаторот Адам Шиф од Калифорнија, долгогодишен противник на Трамп, на X.

Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, почна да издава широк спектар на извршни дејствија кои најверојатно ќе завршат во Врховниот суд на САД, каде што ќе се направи конечна проценка за нивната законитост. Некои тужби го обвинуваат Трамп за узурпирање на овластувањата на Конгресот со што го прекршил Уставот на САД.

Додека Трамп рече дека ги почитува судските одлуки со кои привремено ја суспендира неговата наредба, неговите советници ги нападнаа тие судии на социјалните мрежи и повикаа на нивно импичмент. Потпретседателот Џеј-Ди Венс на X оваа недела напиша дека на судиите не им е дозволено да ја проверуваат легитимната моќ на извршната власт.

„Ова е провокација“

Адвокатот од Вашингтон, Норм Ајзен, кој, како и Шиф, работеше на првото од двете судења за импичмент на Трамп, рече дека адвокатите на Трамп постојано изјавиле дека ако претседателот прави нешто, тоа не може да биде незаконско. Изреката на Наполеон, рече Ајзен, ги оправдува незаконските дејствија.

„Ова е провокација“, рече тој.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе