Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери

Вашингтон, 12 јули 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.


– Бурата вечер или в сабота наутро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Луизијана, објави Националниот центар за урагани.

Трамп апелираше до населението да ги следат препораките на сојузните и локалните власти

– Ве молам бидете подготвени, внимателни и на сигурно, напиша Трамп на Twitter.

Жителите на Њу Орлеанс стравуваат од реприза на 2005 година и ураганот Катрин, при што загинаа 1.577 луѓе во Луизијана, и 238 во Мисисипи и предизвика голема материјална штета.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи. Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.
Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе