Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска.
Тој со хеликоптер пристигна во болницата во Вашингтон за да ги запознае медицинските лица кои се грижат за болните со COVID-19.
– Кога сте во болница… мислам дека се очекува да носите маска, изјави тој при излегувањето од Белата куќа.
Од почетокот на пандемијата на COVID-19 во САД, во која досега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење заштитна маска во јавност.