Трамп сака да ги пресели Палестинците од Газа во арапските земји, побара Јордан и Египет да ги примат

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за ситуацијата во Појасот Газа, велејќи дека Јордан и Египет треба да примат повеќе бегалци од оваа палестинска енклава.

Трамп претходно го најави ова решение за голем број бегалци од Газа во директен разговор со јорданскиот крал Абдула.

„Му реков дека треба да прими повеќе луѓе бидејќи е катастрофа таму долу. Би сакал да прими уште бегалци“, рече Трамп.

Сето тоа им го повтори и на собраните новинари кога го напушташе претседателскиот авион, иако додаде дека истото треба да го направи и Египет.

„Таму долу сè е уништено и луѓето умираат. Ние попрво би соработувале со арапските народи, да изградиме населби и овие луѓе да живеат, за промена, во мир“, рече американскиот претседател.

Запрашан дали тоа е привремено или трајно решение, Трамп рече дека „може да биде и едното и другото“.

Пред 7 октомври 2023 година, кога започна нова ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинската група Хамас, во Газа живееја 2,3 милиони луѓе. Се смета дека 1,5 милиони се внатрешно раселени.

Прекинот на огнот, по една и пол година војна, стапи на сила на 19 јануари, иако прашањето за враќање на жителите на Газа во своите домови, особено на северот од територијата, не е регулирано.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Свет

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Read more

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Read more

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Read more

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе