„Операција Аурора“

Трамп сака да искористи закон од 1798 година за да депортира милиони имигранти

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп откри нови детали од неговиот план за депортирање имигранти во оваа земја, а во него е вклучен и закон донесен во 1798 година.

Трамп својот план го нарече „Операција Аурора“, а во него е вклучен и т.н Alien Enemies Act, донесен пред дури 226 години.

Тогашната американска влада, под водство на Џон Адамс, објави збир на закони кои се занимаваа со односите на државата со лицата без државјанство во Америка.

Интересно е што овој закон се користел во 1941 година. Откако Јапонија ги нападна САД, односно базата Перл Харбор, тогаш претседателот Френклин Д. Рузвелт, повикувајќи се на овој закон, одлучи да ги таргетира граѓаните на Јапонија, Германија и Италија.

Според законот, ако не-државјанин е во САД и доаѓа од земја која се смета за непријателска, властите во Вашингтон имаат право да го затворат или депортираат без судење.

Планот на Трамп е конкретно поврзан, како што вели, со криминални групи, пред сè од Мексико и Венецуела. Тој го претстави планот во Аурора, Колорадо, велејќи дека местото го „презеде банда од Венецуела“, иако не понуди докази.

Remote video URL

Планот е да се користи ICE, федералната агенција за имиграција, за да се идентификуваат и депортираат луѓето кои се во САД без пасош или виза.

Овде вреди да се истакне дека во моментов има неколку милиони луѓе од бројни земји од Централна и Јужна Америка кои илегално влегле во земјата, а овој процес би чинел милијарди долари.

Дополнително, експертите посочуваат дека за да го искористи законот од 1798 година, Трамп ќе мора официјално да им објави војна на земји како Венецуела и Мексико, што е нереално, имајќи предвид дека за ова му е потребна поддршка од двата дома на Конгресот.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Свет

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

Read more

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

Read more

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови

Read more

Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави пред суд

Read more
 

Вести

Двајца млади скопјани најдени починати

Читај повеќе

Откриена група што организирала нелегални игри на среќа во Скопје

Читај повеќе

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено

Читај повеќе

Кривична пријава против 7 лица од Струмица поради Загрозување на животната средина со отпад

Читај повеќе

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Лицата со аутизам и даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје

Читај повеќе

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: МакедонијаСпасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира

Читај повеќе