Трамп се обрати на Националниот молитвен појадок

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска имаше обраќање на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, само неколку часови после крајот на судската постапка во Сенатот за негово отповикување која заврши со негово ослободување.

Националниот молитвен појадок е традиционален настан на кој присуствуваат американски законодавачи и државни раководители, како христијани така и претставници на други вери. Целта на настанот е воспоставување меѓуконфесионален дијалог и зближување на верските традиции.

Меѓу учесниците, на појадокот изутринава дојдоа потпретседателот Мајк Пенс со сопругата, државниот секретар Мајк Помпео, министрите за одбрана, внатрешни, труд и здравство, Марк Еспер, Дејвид Бернхард, Јуџин Скалија и Алекс Азар, како и министеката за образование, Бетси Девос.

Од законодавачите, овде беа и спикерот на Претставничиот дом, Ненси Пелоси и Кевин Мекарти, лидер на републиканското малцинство во законодавното тело, како и многу други членови на Конгресот.

Во своето обраќање Трамп ги искритикува демократите кои започнаа процедура за негово отповикување, нарекувајќи ги „неискрени и корумпирани“, но и обвини некои ривали за користење на верските разлики за наводно тесни политички цели.

- Не ги сакам луѓето кои ја користат верата заради оправдување на нивните акции и знаат дека тоа е неправилно. И не ги сакам луѓето кои се молат за вас знаејќи дека тоа не е така, изјави претседателот.

Лани во декември Пелоси, католик по вероисповест, изјави дека не го мрази Трамп и се моли за него. Мит Ромни кој е мормон, синоќа во својот настап пред пресудата за претседателот во Сенатот се повика на религиозни убедувања во својата одлука да го прогласи Трамп за виновен во злоупотреба на власта. Ромни беше единствениот републикански сенатор кој гласаше за осуда и разрешување на претседателот.

На настанот учествуваа и свештени лица од разни конфесии од многу земји, но и раководители на држави и влади.

Од Северна Македонија, на Националниот молитвен појадок годинава учествуваат Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, како и членови на македонскиот Парламент

После молитвениот појадок, најавено е Трамп да даде изјава за сенатската пресуда синоќа и неговото ослободување од импичментот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе