Трамп се огради од Вест: Тој е сериозно нарушен човек кој по игра на случајот е црнец

Доналд Трамп смета дека Кање Вест е „сериозно нарушен човек кој по игра на случајот е црнец“, во изјава по вечера со раперот и познат бел расист.

Во објава на Truth Social, Трамп соопшти дека се сретнал со Вест за да му „помогне“’ бидејќи не му оди во работата, но и во приватниот живот. Додаде дека Вест „бил секогаш добар“ кон него. Трамп не спомена дека поради искажан антисемитизам Вест изгуби поголем дел од бизнисот.

Вест на средбата со Трамп се појавил заедно со Ник Фуентес, екстремен десничарски активист познат по расистички и антисемитски ставови.

Во видео објавено по вечерата, Вест тврди дека Трамп бил импресиониран од Ник Фуентес. Но, претходно, Трамп напиша дека „не го ни видел“ човекот. Потоа се огради од критиките поради вечерата со Кање Вест и Ник Фуентес. Смета дека раперот е „сериозно проблематичен човек кој случајно е црнец и додаде дека пејачот секогаш бил добар кон него“.

„Значи, му помагам на човекот бидејќи има сериозни проблеми, а случајно е црнец. Уништен е во работата и во сè останато, а секогаш бил добар кон мене. Се согласив на неговото барање за состанок насамо, за да му дадам совет. Се појави со тројца луѓе од кои двајца познавав, а третиот е политичар кој не сум го видел со години“, тврди поранешниот претседател на САД.

„Му реков на Вест да не се кандидира, тоа е целосно губење време. Не може да победи. Лажните вести се лудница“, додаде Трамп.

Изјавите на милијардерот доаѓаат по низата критики од многу десничари поради средбата со Фуентес, кој во минатото го негираше холокаустот во преноси во живо и поддржуваше концепт на сегрегации на американскиот југ. Како Вест, и тој често користи антиеврејска реторика и отворено зборува дека сака да го насочи модерното американско конзервативно движење кон антисемитизам.

Средбата на Трамп со Вест и Фуентес резултираше со бран критики, дури и неговиот поранешен државен секретар Мајк Помпео го осуди потегот.

„Антисемитизмот е рак во општеството. Како државен секретар, се борев против финансирање антисемитски организации. Стоиме покрај еврејскиот народ во борбата против најстарата нетрпеливост во светот“, напиша Помпео на Twitter.

URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Чек дис аут

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more

Дали би се запишале на Академија за овчари?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе