Свет

Трамп се премисли: Луѓето треба да се вакцинираат

26. април 2019 - 17:16 | МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна денеска дека е важно луѓето да се вакцинираат.

Трамп излезе со ваков став во време кога епидемијата на сипаници ги зафати и САД.

– Луѓето треба да се вакцинираат. Тоа е многу важно, нагласи Трамп.

Во минатото тој имаше сомневања за безбедноста на вакцините. Тие тврдења беа оспорени од медицинските власти врз база на истражувања, по што Трамп омекна во ставовите за вакцините.

Епидемијата на морбили во САД е најсериозна од 2000 година досега.

Коментирај