Свет

Трамп се закани дека економски ќе ја уништи Турција

14. јануари 2019 - 13:45 | А.С.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне курдските сили во Сирија по планираното повлекување на американските трупи од земјата каде владее граѓанска војна.

Трамп на Twitter напиша дека ни Курдите не смеат да ја провоцираат Турција.

Трамп не прецизираше на кој начин ќе ја погоди турската економија ако Анкара ги нападне Курдите во Сирија.

Американските сили се бореа заедно со курдската милиција на северот на Сирија против борците на терористичката група ИСИС.

Турција ги смета курдските Сили за народна одбрана за теористичка организација.

Коментарите на Трамп следеа откако му беа упатени дополнителни критики за одлуката да ги повлече американските војници од Сирија.

Трамп ја одбрани својата одлука со објаснување дека останатите борци на Исламска држава ќе бидат мети на напади од воздух.

Коментирај