Свет

Трамп се заканува дека борците на ИД ќе ги пушти на европските граници

21. септември 2019 - 13:26 | МИА
Вашингтон, 21 септември 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои се приклучиле на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант и кои се затворени во кампови во источна Сирија под контрола на курдските сили.

Илјадници странски борци од осумдесет земји и се приклучија на ИД кога во 2014 зазема големи области во Сирија и Ирак.

Судбината на припадниците на вооружените сили и нивните семејства стана жешко прашање откако на почетокот од минатата година беше прогласена победа над ИД.

Дел од децата се вратени, но европските држави не сакаат да ги примат назад оние кои свесно и се приклучиле на вооружената група.

– Во еден момент ќе морам да кажам: или ќе ги примите назад или ќе ги пуштам да дојдат на вашите граници, рече Трамп.

Тој додаде дека САД нема да ги плаќаат трошоците за притвор на „илјадници борци“.

– Повеќето од нив се од Европа, истакна Трамп.

Коментирај