Свет

Трамп уште пред инаугурацијата знаел за руското мешање во изборите?

19. јули 2018 - 13:52 | М.Д.

Доналд Трамп, уште пред инаугурацијата, од разузнавачките служби доби директен извештај за улогата на Путин во мешањето на Русија во претседателските избори, тврди „New York Times“.

Во извештајот на „New York Times“, се разоткриваат напорите на Трамп, да го отфрли фокусот од каква било одиграна улога на Москва во неговата победа над Хилари Клинтон, вклучувајќи и негови изјави во кои прво отфрлуваше, а потоа ги прифати откритијата на американските разузнавачки служби, после состанокот со Путин во понеделникот во Хелсинки.

Овој извор, пренесува дека американскиот претседател за руското мешање во изборите на 6 јануари 2017 година, прв пат дознал две недели пред својата инаугурација. 

Трамп дознал за тоа за време на состанок во Њујорк, одржан со тогашниот директор на ЦИА, Џон Бренан, тогашниот директор на Националната разузнавчка служба Џејмс Клапер, тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми и адмиралот Мајк Роџерс, тогашен директор на Националната безбедносна агенција, тврди „New York Times“.

На тој состанок, високо рангираните функционери, му покажаа на тогаш новоизбраниот претседател Доналд Трамп, доверливи информации, според кои Путин лично наредил хакирање и правење кампања за ширење на дезинформации, вклучувајќи и искористување на текстови и електронска пошта на руски воени офицери и информации од строго доверливи извори, блиски лично до Путин, пренесува споменатиот американски извор.

Доказите вклучувале електронска пошта украдена од Демократскиот национален комитет, која била клучна за гласачите да не го дадат својот глас за демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Претседателот, рутински ја отфрли истрагата за руските сајбер напади, карактеризирајќи ја како измама, која ја подготвиле демократите, со цел да ги доведат во прашање неговите претседателски способности.

Коментирај