Трамп ветува добри односи со Русија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети добри односи со Русија заедно со којашто ќе ги решава светските проблеми, и покрај извештаите на разузнавачката заедница која го обвинува рускиот претседател Владимир Путин за наводно мешање во американските претседателски избори, и истакнува дека само глупавите луѓе би се залагале за влошување на односите со Москва.

„Добрите односи со Русија се добра, а не лоша работа. Само глупавите луѓе или будалите може да мислат дека тоа е лоша“, напиша на Twitter Доналд Трамп кој на 20-ти јануари ќе биде инаугуриран во 45-ти претседател на САД.

„Имаме доволно проблеми во светот без нов проблем. Кога ќе бидам претседател, Русија ќе нé почитува многу повеќе отколку што го чини тоа сега, а двете држави може ќе работат задно во решавањето на некои од големите и итни проблеми во светот“, додава Трамп.

Претходно државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека администрацијата на новиот претседател Трамп ќе умее да изнајде можности за ефикасна соработка со Русија и надминување на постојните противречности. Кери притоа истакна дека последниве години САД и Русија во голем број области успешно соработувале.

Меѓутоа, американските разузнавачки служби во саботата објавија дел од својот извештај во кои процени го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека наводно лично го наредил поткопувањето во довербата во демократските процеси во САД, и наштетување на кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон во полза на републиканскиот кандидат Доналд Трамп која ја порази на претседателските избори на 8-ми ноември.

Путин и руската влада го фаворизирале Трамп и со влијанието на руските медиуми во светот и во САД, пишува во неофицијалната верзија на официјалниот извештај кој му е предаден на американскиот претседател на заминување Барак Обама, а потоа и на Доналд Трамп.

Всушност, и извештајот на CIA, NSA и FBI наведува дека наводните руски хакери продреле во серверите на Демократската партија и ги украле доверливите преписки меѓу нејзините челници, со други политичари и новинари, подоцна објавувани на WikiLeaks, но дека не иако Москва имала пристап до државните и локални изборни одбори, американските разузнавачи сметаат дека не влијаела врз исходот од изборите.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе