Трамп во посета на Британија: Лондон поради Брегзит потполно зависи од Вашингтон

Кога Доналд Трамп ќе пристигне во Велика Британија кон крајот на оваа недела, премиерката Тереза Меј ќе мора да соочи со неизбежниот факт - поради Брегзит, Велика Британија никогаш досега не била толку зависна од партнерството со најнепредвидливиот американски претседател во модерната историја.

Првата претседателска посета на Трамп во Велика Британија, која ќе се случи помеѓу НАТО самитот и состанокот во Путин, доаѓа во еден од најважните моменти за Западот, уште од падот на Советскиот сојуз во 1991 година.

На Вашингтон сега не му е потребен толку Лондон, но Лондон е позависен од Вашингтон отколку пред Брегзит

Ова ја доведува Тереза Меј во незавидна положба, во однос на тоа дека сака да ги зајакне трговските врски со САД, за да го надополни излегувањето на Британија од ЕУ, кое треба да се случи на 29 март 2019 година.

„Иронијата е во тоа што после Брегзит, Обединетото Кралство ќе стане помалку корисен американски партнер, додека во ист период, на Лондон многу повеќе ќе му треба помош од САД“, вели Џефри Стејси, поранешен функционер на Стејт Департмент, во администрацијата на Обама.

„Со ова Меј зависи од непредвидливиот американски претседател“, вели Стејси.

Повеќе од 50.000 луѓе во Британија одлучија да протестираат против посетата на Трамп, која, меѓу другото, вклучува и состанок со кралицата Елизабета.

Крај на британската стратегија за балансирање помеѓу Европа и Америка

За многу британски дипломати, Брегзит значи колапс на 70 години старата британска стратегија, на воспоставување на рамнотежа помеѓу европските интеграции и партнерството со Америка.

„Меј погреши со избрзаните дипломатски односи кон Трамп. Што всушност таа доби досега од тоа?“, се прашува еден висок европски дипломат во Лондон, кој сакаше да остане анонимен.

„Вие Британци ја напуштате Европа, но дали навистина сакате да се предадете во рацете на Трамп и Америка? И што е најважно, дали имате друг избор?“, предупредува овој дипломат.

Победата на Трамп, на претседателските избори во 2016 година, беше шок за многу британски дипломати во Вашингтон, а односите помеѓу Меј и Трамп на моменти беа навистина напнати.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе