Трамп: Војната во Украина ќе заврши наскоро

Макфакс
/ 12.02.2025 / 09:20

Американскиот министер за финансии Скот Бесент оваа недела ќе отпатува за Украина, напиша Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи, што е најнова од серијата посети на американски претставници на Европа во наредните денови.

„Го испраќам секретарот за финансии Скот Бесент во Украина за да се сретне со претседателот Зеленски. Оваа војна мора и ќе заврши наскоро – има премногу смрт и уништување. Соединетите Држави потрошија милијарди долари низ светот со минимални резултати. Кога Америка е силна, светот е во мир“, напиша Трамп на својот профил на социјалните медиуми.

Бесент, кој ќе биде првиот член на кабинетот во администрацијата на Трамп што ќе ја посети Украина, се очекува да разговара за можниот пристап на Америка до ресурсите на Украина за ретки метали, според извор запознаен со ова прашање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Трамп изразија интерес за договор според кој САД ќе добијат ретки метали од Украина во замена за континуирана поддршка во одбраната од руската инвазија.

Неколку други американски претставници, исто така, ќе отпатуваат во Европа оваа недела за да разговараат за војната во Украина со Киев и европските сојузници. Меѓу нив се државниот секретар Марко Рубио, американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.

„Соединетите Dржави потрошија милијарди долари на глобално ниво и немаме речиси ништо да покажеме за тоа“, напиша Трамп во објавата на Truth Social во која ја најавува планираната посета на Бесент.

Ретките метали се користат за производство на магнети кои ја претвораат енергијата во движење во електрични возила, мобилни телефони, ракетни системи и друга електроника. Нема остварливи замени, а побарувачката за нив се очекува значително да порасне.

Reuters оваа недела објави дека администрацијата на Трамп планира да ги охрабри европските сојузници да купат повеќе американско оружје за Украина пред можните мировни преговори со Москва.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more

Свет

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Read more

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Read more

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Read more

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Read more
 

Вести

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија, предупредување за цунами

Читај повеќе
  • play_arrow

Каменуван автобусот на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe

Читај повеќе

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Читај повеќе