Свет

Трамп за Курдите: И тие не се цвеќе за мирисање

17. октомври 2019 - 15:53 | А.С.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека спорното подрачје во Сирија „нема никаква врска“ со САД и дека „ и Курдите не се цвеќе за мирисање“, додека републиканските претставници дадоа свои предлог санкции за Турција поради воената операција во северна Сирија.

„Нашите војници не се во опасност, како што и треба, додека две земји се во судир поради територија која нема никаква врска со нас. А Курдите сега се многу посигурни“, рече Трамп, очигледно мислејќи на доаѓањето на руските и сириските војници на оваа територија.

Трамп исто така додаде дека Турција е членка на НАТО и дека партнерите во Алијансата треба да се сложуваат.

„Турција е членка на НАТО. Треба да се сложуваме со членките на НАТО“, рече тој пред новинарите во Белата Куќа.

Коментирај