Трансфер на вработени од јавен во приватен сектор по изборите

Процесот на префрлање на вработени од јавен во приватен сектор ќе почне по завршување на изборите затоа што во предизборниот период се забранети какви било разместувања во администрацијата, најави денеска министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој вели дека ќе го разгледаат предлогот на Конфедерацијата на слободни синдикати парите што државата планира да ги исплати на бизнисмените кои ќе преземат административци да се дадат на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и да се донесе закон за предвремено пензионирање со што би се намалил бројот на администрацијата.

– Предлогот на КСС ќе го разгледаме, досега биле повикувани на бројни средби каде не го презентирале, но ќе го разгледаме и соодветно ќе одговориме, рече Манчевски на прес-конференција во Владата.

Заради предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април годинава, појасни, со закон е забрането да се прави какво било преместување на вработени. Пакетите ги дефиниравме, ги презентиравме во јавноста, веднаш по завршување на изборите ќе започне тој процес. Малку друга е интенцијата на овие предлози затоа што еве и покрај состаноците на темата во тек на половина година, сега излегува некој предлог. Во ред, ќе го разгледаме, како што и секогаш кажуваме, отворени сме за сите предлози, рече Манчевски.

Како што потенцираше, во предизборниот период не може да се спроведуваат ниту резултарите од законските анализи, како што е функционалната анализа за инспекторатите. Сѐ уште не е завршена функционалната анализа со којашто треба да се изврши целосна реорганизација на институциите.

– За да се смени нешто во која било институција, односно да се спои, укине и воведе нова, треба да се измени Законот за организација на органите во државната управа, кој се носи со двотретинско мнозинство, а потоа ќе се усогласуваат и поединечни закони, потсети Манчевски.

Тој пред еден месец имаше средба со претставниците на синдикатите  за петте модели на можна реорганизација на вработените во јавната администрација.

Едниот предлог е трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите. Во опција се и пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, во согласност со потребите што ги доставиле претставниците на приватниот сектор, стопанските комори и Агенцијата за вработување. Има пакет и за испратнина по сопствена волја на вработени што сакаат да го напуштат јавниот сектор, како и предлог за преквалификација за внатрешни потреби и внатрешна реорганизација.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе