Трансфер од соништата за Озил и покрај слабата форма

Се уште трае дебатата, но ако стигне понуда, Венгер веројатно ќе ја прифати за да спречи заминување на Германецот во друг ривал од Премиер лигата.

Месут Озил во јануари ќе има можност да преговара со заинтересираните клубови, но би можел и да замине уште во тој трансфер период, а не летото како што се очекуваше.

Тој наводно има понуда од Атлетико Мадрид, но сега се појавија шпекулации дека за него е заинтересирана големата Барселона.

Имено, Кутињо и покрај се тешко дека ќе го видиме на „Камп Ноу“, Ливерпул не попушта, бара 150 милиони за Бразилецот, па сега во Барселона се одвива дебата околу тоа дали Озил за многу помала сума би можел да биде решението.

Венгер сака да го продаде немотивираниот Германец, сигурно е дека не може да очекува некој голем трансфер од играч на кој договорот му истекува следното лето, а од друга страна Барса би добила фудбалер кој може да настапува во Лигата на шампионите на пролет.

Како што пренесуваат каталонските медиуми во Барселона постојат големи несогласувања во врска со Озил, многу веруваат дека е потрошен, но постои и теорија според која тој едноставно е незаинтересиран да го даде максимумот во Арсенал, додека во Шпанија веројатно би делувал многу подобро во посилен тим и со повеќе мотиви.

Барселона  го посакува и Набил Фекир на лето, иако прва опција останува Антоан Гризман и покрај заканите дека Суарез може да ги напушти клубот, ако мора да биде замена за Французинот.

Кога станува збор за Озил, тој одбил плата од 275.000 фунти од Арсенал, сака да замине, во Барса би земал многу помала плата, но веќе неколку пати напомена дека главниот мотив не се парите, туку разочарувањето и фактот дека Арсенал не е подготвен да се бори за титули.

Се зборува и за негов трансфер во Јунајтед, каде би пристигнал следното лето како слободен играч, но ќе видиме дали Барселона ќе стапи на сцена и ќе го доведе германскиот репрезентативец уште во јануари. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе