ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2020

Трансфер шок: Боатенг потпиша за Монца

Поранешниот фудбалер на Милан со неочекуван трансфер: ќе игра во втората италијанска лига и тоа во новиот тим на Силвио Берлускони.

По неуспешната авантура лани во Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг замина на позајмица во турски Бешикташ, но реши ни таму да не остане долго. Сагата околу неговиот нов клуб сега доби крајно неочекувана завршница бидејќи репрезентативецот на Гана потпиша со Монца, новопласираниот клуб во Серија Би.

Боатенг се обврза на договор од една година со опција да биде продолжен за уште една доколку и двете страни се задоволни.

Не е случајност тоа што Боатенг доаѓа во Монца. Овој клуб кој лани играше во третата лига е новиот проект на Силвио Берлускони, поранешниот газда на Милан. Во негово време Боатенг одигра 3 и пол сезони за „Росонерите“, што беше и врвот на неговата кариера. Во Монца Берлускони го донесе и Адријано Галијани, поранешниот извршен директор на Милан.

Во својата богата кариера 33-годишниот Боатенг настапуваше уште и за Херта, Тотенхем, Борусија (Д), Портсмут, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло и Барселона.

Амбициите на Монца се веднаш да се избори за пласман во Серија А и веќе во сезоната 2021/22 да игра против Милан. Веќе има големо засилување за таа цел.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе