Трансферот на Нејмар во ПСЖ би можело да се претвори во пекол

Гласините се сѐ погласни дека Томас Тухел ќе биде новиот тренер на новиот француски шампион ПСЖ, а тоа би можело да претставува голем проблем за најголемата ѕвезда на овој тим, Нејмар.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, е човек кој е навикнат да го добива она што го посакува. Кога го презема клубот во 2011 година, тој најави дека двете главни цели се: да го купи „следниот Меси“ и да биде компетентен во Лигата на шампионите.

Ретко гледаме фудбалски приказни во кои успехот се случува преку ноќ, но Ал-Келаифи сега се наоѓа на половина пат од неговата цел. Тој минатото лето го купи Нејмар за 222 милиони евра, но не застана таму, туку одвои и 180 милиони евра за Килијан Мбапе, младата надеж на францускиот фудбал. Сега, сѐ што му треба на Ал-Келаифи е само уште добар тренер кој ќе го однесе тимот до финалето на Лигата на шампионите.       

Тука стапува на сцена поранешниот тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд, Томас Тухел. Германецот е тактички поткован да води голем тим и претходно има докажано дека знае како треба да игра во натпревари против големи противници, нешто што му фалеше на ПСЖ во овие неколку години. Но, никој не ни проба да го негира неговото фудбалско знаење, ниту пак успехот со претходните клубови. Наместо тоа, многумина се прашуваат дали неговото моќно присуство и интензитет го прави непогоден да работи со големи фудбалски ѕвезди.

Германскиот весник Bild напиша статија во која беше опишан состанокот помеѓу Пеп Гвардиола и Томас Тухел, во кој Германецот почнал да му ги објаснува различните тактики кои ги користи неговиот тим на Шпанецот, па мирниот разговор се претворил во жестока дискусија до таа мера што дури келнерите во ресторанот не сакале да се приближат околу масата додека двајцата тренери не престанат со расправијата.

Тухел стана познат и по неговите караници со спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке, која ескалираше до тоа ниво што клубот немаше друг избор освен да го отпушти германскиот тренер.

Како тренер, тој е познат како човек кој сака сите работи да бидат под негова контрола, па затоа многу се разликува од сегашниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери. Под водството на Емери, Нејмар можеше да бира кои натпревари сака, а кои не сака да ги игра. Но, мали се шансите дека истото би се случувало кај Тухел. Германецот бара максимална посветеност и нема пријателски однос со неговите играчи. Токму поради таа причина престојот на Нејмар би можел да се претвори во пекол.

На хартија, Томас Тухел изгледа како идеален кандидат за тренер на најмоќниот француски тим во моментот. Неговата офанзивна игра, желбата да се постигнуваат многу голови и атрактивниот фудбал кој го негува совршено одговараат на играчкиот кадар на ПСЖ. Но, овој тим само што го направи најскапиот трансфер на сите времиња и уште веднаш го прогласи Нејмар за крал на Париз. Дали во евентуална кавга помеѓу Тухел и Нејмар раководството ќе застане зад германскиот тренер е прашање чиј одговор не можеме да го знаеме предвреме.

Назначувањето на Тухел за нов тренер на ПСЖ може да биде вистинскиот потег и уште во првата сезона тимот да стигне до финалето на ЛШ. Но, од друга страна, присуството на Тухел и Нејмар во истата соблекувална може да биде токсично за тимот, бидејќи тоа се две индивидуи со огромно его.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе