УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Транснистрија: Гробница на модерниот фудбал

Нема кој не слушна за синоќешното чудо на „Бернабеу“ каде малиот клуб од Тираспол го урна големиот Реал Мадрид. Но, многумина не знаат речиси ништо за овој фудбалски анонимус, а уште помалку за земјата од каде доаѓа.

Настапува како молдавски првак и под молдавско знаме, но не е сѐ така како што изгледа.

Фудбалскиот клуб Шериф доаѓа од градот Тираспол, главен град на непризнаената држава Транснистрија, позната и како Приднестровје, де јуре регион во Молдавија. Уште пред падот на Советскиот Сојуз и прогласувањето на независноста на Молдавија во 1991 година, овој регион еднострано се отцепи, но без да придобие меѓународно признавање од земјите-членки на ОН.

Всушност, во 1990 година граѓаните на ова парче земја излегоа на референдум и со одлучност од 90% прогласија независност, што потоа ги доведе до војна со Молдавија почнувајќи од март 1992 година. По двегодишно војување владата на Молдавија ѝ додели на Транснистрија статус на автономна територија, со одредена форма на сопствена економија.

Во 1996 година оваа мала непризната држава одлучи да гради претседателска република со прв човек избран директно од народот и еднодомен законодавен дом, Советот на народни избраници, составен од 43 члена избрани со четиригодишен мандат, исто како и претседателот.

Транснистрија ден денес е заробена во советско време, каде доминира советската архитектура со споменици и слики на Ленин.

Фудбалскиот клуб Шериф е формиран во 1997 година од страна на полицаецот Виктор Гушан, коосновач на корпорацијата за безбедност „Шериф“, оттаму и името на клубот. Оваа компанија држи синџир на бензински пумпи, супермаркети, ТВ куќи, издавачка куќа, фирма за градежништво, соработува со Mercedes-Benz, маркетинг агенција, дестилаторија, две фабрики за пецива, мобилна мрежа, а моментално гради и хотел со 5 ѕвезди. „Шериф“ е втора најголема компанија во Транснистрија.

По своето формирање клубот стартува од втората лига која веднаш ја освојува, а веќе во сезоната 2000/01 станува и шампион на Молдавија, титула која ќе ја освои вкупно 19 пати, преземајќи ја улогата на најдобар клуб од Зимбру. Клубот е и актуелен молдавски шампион, а од првата титула до денес само во два наврата не успеа да го зграпчи пехарот откако во сезоните 2009/10 и 2014/15 клубовите Дачија и Милсами успеаја некако да се дофатат до него.

Во своите редови клубот изобилува во странски фудбалери. Од целиот состав, само четворица се Молдавци, меѓу кои и двајцата резервни голмани. Играат Грци, Босанци, Словенци, Бразилци, Узбекистанци, Колумбијци, Ганци, Малијци, Нигерци, Брежани, Срби, Луксембуржани, Перуанци, Гвинејци, како и македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој се пресели на крајот од летниот преоден рок.

По две кола во Лигата на шампионите, најдобриот клуб од Транснистрија како претставник на Молдавија е лидер во групата со Реал Мадрид, Интер и Шахтар со максимални 6 бода од два натпревара.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе