Транспаренси Интернешнл: Унгарските власти да го екстрадираат Груевски

Скопје, 20 ноември 2018 (МИА) – Транспаренси Интернешнл и нејзините ограноци во Македонија и Унгарија денеска испратија заедничка изјава со која ги повикуваат унгарските власти да ја исполнат својата посветеност на меѓународната правда и да го екстрадираат Никола Груевски со цел, како што наведуваат, поранешниот македонски премиер да се соочи со правдата за своите корумпирани дела.

Според директорката на Транспаренси Интернешнл Патриша Мореира, и Македонија и Унгарија треба да постапат во согласност со владеењето на правото, а Груевски мора да покаже одговорност пред граѓаните на Македонија за неговите корумпирани дела додека беше премиер. На ниту еден политичар не треба да му биде дозволено да се извлече од обвиненијата за корупција, особено откако судовите јасно одлучиле во корист на пресудата.

„Унгарските власти треба да постапат според европските и меѓународните судски прописи и стандарди. Откако еден политичар ќе биде осуден од независен суд, ниту една од владите не треба да им обезбеди план за бегство и неказнивост“, вели извршниот директор на Транспаренси Интернешнл-Унгарија, Јозеф Петер Мартин.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Слаѓана Тасева, оценува дека оваа ситуација е голем тест за македонските и унгарските власти и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон.

„Ги повикуваме унгарските власти да се придржуваат до принципот за немање неказнивост, како што е наведено во Европската конвенција за екстрадиција“, наведува Тасева во изјавата.

По издавањето меѓународна потерница за апсење на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, Трансперенси Интернешнл и ограноците во Македонија и Унгарија, ги повикуваат унгарските власти да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментално бара азил во обид да избегне затворање по осуда за корупција за која не постои основ за жалба.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе