„Транспортер“ ѝ е доделен на судијката Лидија Петровска

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство против 21 лице, меѓу кои е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Предметот е распореден кај судијката Лидија Петровска, чие име се споменуваше во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата и стана позната како јавноста како „сваровски“ судијка. Терминот за одржување на главна расправа сè уште не е закажан.

Петровска го суди и вториот предмет што го отвори СЈО-„Тврдина 2“, кој се однесува на фалсификување документи со кои се прикрило уништувањето на опремата. Продолжувањето на јавната расправа е закажано за 3 јули.

За предметот „Транспортер“ СЈО покрена обвинение уште во април.

Овој случај беше еден од предметите што СЈО ги презеде од редовните обвинителства, поточно од битолското обвинителество. Во конкретниот случај се товарат градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании организирале превоз за учениците во општината, за кој во СЈО рекоа дека бил „поскап и од оној во Токио“.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот, како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси. Градоначалникот Талевски доби куќен притвор што двапати му беше продолжуван. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Read more
 

Вести

  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Читај повеќе

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Читај повеќе

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе