Трапановски: Поквалитетни сме од Фарски Острови, наша цел е прво место во групата

Македонската репрезентација на 7 и 10 септември ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации. Новакот во репрезентацијата, Кристијан Трапановски, размислува оптимистички во пресрет на првиот гостински дуел против Фарските Острови.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е прв пат“, вели Трапановски.

„Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“.

„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарските Острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“.

Трапановски има еден настап за репрезентацијата, но во оној ФИФА неофицијален контролен меч протиов саудиска Арабија на гости. Тогаш Саудијците се подготвува аза Мундијалот во Катар, па инсистираа не само да не биде официјален, туку и да нема ни публика ни пренос. Македонија тогаш играше со трет состав, а најмногу играчи беа од домашната лига.

Натпреварот Фарски Острови - Македонија се игра во сабота од 15:00 часот, а директен пренос ќе има на МРТ1.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Фудбал

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Read more

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Read more

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Read more

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Читај повеќе
  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе
  • play_arrow

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Читај повеќе

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Читај повеќе

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Читај повеќе

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Читај повеќе

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе