Објавен е трејлер за филмот „Hotel Mumbai“ во кој Дев Пател и Арми Хамер оживуваат вистинит трагичен настан од 2008 година. Премиерата е закажана за 22 април.
Во ноември 2008 година десет терористи вооружени со автоматско оружје и гранати нападнале железничка станица, кафуле, еврејски центар, болница и два хотели во Мумбај, Индија. Во текот на четири дена биле убиени 164 луѓе, меѓу нив и 31 човек во Taj Mahal Palace хотелот.
Филмот ја раскажува приказната за нападот во хотелот, а трејлерот е прилично напнат и застрашувачки. Во главните улоги се појавуваат Арми Хамер, Дев Пател, Назанин Бониади, Џејсон Ајзакс и други.
Филмот е базиран според документарецот „Surviving Mumbai“ од 2009 година.