Трејлерот за „Jurassic World: Fallen Kingdom“ ги носи диносаурусите во вашата спална соба
Во новиот трејлер за следното продолжение од франшизата „Jurassic Park“, најлошите кошмари стануваат реалност и диносаурусите ве демнат додека спиете.
Краткиот трејлер беше емитуван за време на рекламната пауза од Супербоулот, и ни даде подобра идеја што можеме да очекуваме од приказната во филмот, а ни покажа и нов диносаурус кој ќе биде дел од „Jurassic World: Fallen Kingdom“.
„Jurassic World: Fallen Kingdom“ ќе пристигне во киносалите насекаде низ светот на 22 јуни.