Трејлерот за „Yesterday“ во носи во свет каде не постојат „Битлс“
Оскаровецот Дени Бојл сакаше да направи еден филм „набрзина“ пред да ја преземе режисерската палка на новиот „James Bond“. Во меѓувреме, тој целосно се откажа од тајниот агент и целосно му се посвети на „Yesterday“, кој според трејлерот изгледа како следниот голем британски хит.
Филмот е наречен „Yesterday“ во чест на една од најпознатите песни на бендот „Битлс“, а во него се зборува за свет во кој „Битлс“ воопшто не постојат. Главниот лик, Џек, решава да го искористи тоа во негова корист.
Премиерата на „Yesterday“ е закажана за 28 јуни оваа година.