Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, охрабрен влезе на денешната втора седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се договара растот на платите следната година, вклучително и минималната плата. Пред почетокот на седницата Трендафилов во изјава за медиумите рече дека пари за раст на платите во буџетот за следната година се предвидени и прв пат се предвидува раст поголем од 10%.

„Тоа што можеме да го видиме од верзијата која ни беше достапна нас е дека во буџетот, можеби и за првпат по подолго време, има предвидено средства за раст на платите во повисок процент од 10%. Ќе чекаме денеска официјално да ни биде пренесено на седницата на Економско-социјалниот совет. Средствата за раст на платите се некаде 13,8% или 13,9% во буџетот во сооднос со претходната година. Тоа ни дава до знаење дека Владата предвидува средства согласно колективните договори и согласно законите за зголемувањето на платите. Сметаме дека доколку се зголемат платите во јавниот сектор Владата нема да има никакви дополнителни оптоварувања со евентуалниот раст на минималната плата имајќи предвид дека сите вработени во јавниот сектор за кои Владата исплаќа плата, ќе бидат над износот на минималната плата кој би се утврдувал“, рече Трендафилов.

ССМ останува на барањата истакнати уште на 1 мај година кои се однесуваат на зголемувањето на платите вклучително и раст на минималната плата и зголемување на платите во јавниот сектор од март наредната година односно по методологијата која е утврдена во општиот колективен договор.

„Минималната плата не само 450 евра туку и повеќе е барање на работниците изнесено преку Сојузот на синдикати на Македонија. Мислам дека сите чинители во државата се согласни дека е потребен растот на платите. Се надеваме дека нашите аргументи кои ги имаме, особено поради нарушениот животен стандард во Македонија, постојаниот раст на минималната синдикална кошничка која од почетокот на годината досега е порасната за повеќе од 4.800 денари, треба да бидат доволен мотив за покачување на минималната плата“, нагласи Трендафилов.

Како дополнителен ветер в грб на работниците трендафилов вели дека е растот на минималната плата во регионот. Тој и денес повтори дека е порасната минималната плата во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра, минималните примања во Босна и Херцеговина ќе бидат 600 евра од почетокот на наредната година, а во Србија ќе бидат 454 евра.

„Сметаме дека сите заедно не треба да дозволиме да бидеме некаде на крајот, на опашката на Балканот со висината на платите во Македонија од една причина – да не ни се иселуваат оние работници кои останаа во Македонија“, вели претседателот на ССМ, Трендафилов.

Втората седница на Економско-социјалниот совет е во тек, а за она што ќе биде договорено, прес-конференција по завршувањето на седницата најави премиерот Христијан Мицкоски.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Македонија

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Read more

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Read more
 

Вести

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Читај повеќе

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Читај повеќе

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Читај повеќе

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Читај повеќе

Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Читај повеќе

Цуцковски: Заедно со новите селектори ќе создадеме врвна уметничката програма на Охридско лето

Читај повеќе

Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Читај повеќе