Тренер објасни што се случува со телото ако вежбате кардио секој ден

А.С.
/ 27.11.2024 / 15:52

Кардио тренингот е еден од најпознатите типови на фитнес тренинзи и е одличен начин за подобрување на здравјето на срцето, согорување на калории и постигнување вита линија.

Сепак, како и со сè во животот, кардио тренингот не треба да се прави секој ден. Ефектите на кардио тренингот врз телото може да бидат различни, во зависност од времетраењето и интензитетот на вежбањето и видот на активноста што ја изведувате.

Тренерот Сет Форман ги објасни можните предности и недостатоци на кардио тренингот и какви физички промени може да очекувате ако го правите овој тип на тренинг секој ден.

Најдобро е да вежбате кардио тренинг само неколку пати неделно, а после секој тренинг да правите пауза од ден-два. Во таа пауза од кардио тренингот можете да бидете активни и да правите некој друг вид на активност, но да му дозволите на телото да се одмори од напорот на претходниот тренинг.

Што се случува со вашето тело кога вежбате кардио секој ден?

Ако сте нови во кардио и трчањето е вашата главна активност, а вежбањето го започнувате со пет до 15 минути трчање, Форман посочува како можете да ги очекувате овие промени во вашето тело: болки во мускулите на ребрата и болка во предниот дел на потколеницата.

„Причината за болката во ребрата е зголемената потреба на белите дробови да се шират и да се собираат вон капацитетот потребен при мирување“, објаснува тој и додава: „Таа болка е сосема нормална и дел од процесот на адаптација на нов тип на вежбање“.

Ако многу боли, Форман не препорачува да претерате со трчањето, туку да изберете друг начин на движење, како на пример пешачење. Секаков вид на движење може да ја намали болката, тврди тој и истакнува дека е многу можно да почувствувате болка и во предниот дел на потколениците.

„Кога стапалото удира во земјата, тоа обично го прави со удар на петицата. Мускулите во предниот дел на потколеницата треба да апсорбираат два до три пати поголема сила при трчање отколку при одење. Ова предизвикува болка“, објаснува Фроман. Тој истакнува дека пешачењето е одлична форма на вежбање која може да помогне во процесот на опоравување кога ве болат потколениците.

Тренерот тврди дека во рок од два месеци од вежбањето кардио (што нема да го правите секој ден), може да ги забележите овие промени:

  • Намалување на тежината.
  • Намалување на телесните масти.
  • Подобрување на нивото на холестерол.
  • Подобрување на здравјето на срцето.

„Овие придобивки се забележани кај сите возрасни групи, мажи и жени, без разлика дали се работи за трчање, возење велосипед или некој друг вид кардио“, објасни тој за Eat This, Not That.

Како секојдневниот кардио тренинг влијае на кардиоваскуларното здравје?

Кога станува збор за вежбање кардио секој ден, тренерот советува да се биде внимателен.

„Не треба да се изведуваат сите рутини секој ден. Аеробните вежби спаѓаат во таа категорија. На пример, кај групите кои само што почнале кардио или аеробни вежби, не е забележана поголема придобивка за здравјето на срцето ако вежбаат повеќе од три дена во неделата“, објаснува тој.

Во однос на составот на телото, постојат придобивки поврзани со секојдневните аеробни вежби, но само до одреден степен.

„Човечкото тело станува исклучително ефикасно во прилагодувањето на барањата што му се поставуваат, што значи дека ако трчате секој ден, телото ќе се ослободи од сè што смета дека е непотребно да ја врши таа активност“, додава Форман.

Сето ова во некои случаи може да има лош ефект врз телото.

„Во овој случај губите маснотии, но и мускули. Со значително намалување на мускулната маса ќе согорите помалку калории при одмор, ќе станете послаби, ќе го зголемите ризикот од повреди и ќе го оштетите срцето“, заклучува тренерот.

Важно е да се запамети дека кардиото има големи придобивки за вашите бели дробови, срце, мускули, мозок и физички изглед. Сепак, премногу од ништо не е добро, вклучително и кардио тренинг.

реклама

Бразилки давале сексуални услуги во изнајмени станови во скопски Џевахир

Read more

Која е Кинезинката поради која се тресе европската автомобилска индустрија?

Read more

Основна намирница може да помогне во намалување на 'рчењето

Read more

Храна поврзана со забрзано стареење: Намалете го консумирањето

Read more

Фит

Тренер објасни што се случува со телото ако вежбате кардио секој ден

Read more

Зошто се случува јо-јо ефект кога се обидуваме да слабееме?

Read more

Колку време е потребно да се свари храната што сте ја изеле?

Read more

Само две вежби ви се потребни за совршени бицепси

Read more
 

Магазин

Дали сексот е опасен за луѓето со срцеви болести?

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за декември 2024 година

Читај повеќе

Зошто некои мажи чувствуваат симптоми на бременост кога партнерката е трудна?

Читај повеќе
  • filter

„Уапси ме и земи ме со себе“ – интернетот лудува по српската полицајка Лидија

Читај повеќе

Колку е лошо да пиете кафе на празен стомак?

Читај повеќе

Сите погрешно ги прават: Готвач открива како правилно се пржат колбаси

Читај повеќе

Кои суплементи може да бидат штетни за бубрезите?

Читај повеќе

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на македонскиот бренд

Читај повеќе

Знак на деменција кој може да се забележи при качување скали

Читај повеќе