Тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, смета дека новата техника на движење при сервис не му помага на Новак Ѓоковиќ да го намали оптоварувањето на лактот.

Ѓоковиќ шест месеци паузираше поради проблеми со лактот и заедно со неговиот тим што го сочинуваат Андре Агаси и Радек Шчепанек направија промена на начинот на кој сервира за да го олабави.
Меѓутоа, српскиот тенисер и понатаму има проблеми со лактот, што го нагласи по елиминацијата во осминафиналето на Аустралијан Опен, а најави и уште една пауза.
„Едноставно не разбирам. Во потезите за сервис тој го оптоварува лактот. Прво кога се подготвува за удар, потегот нагоре со одложување на движењето на главата на ракетот, што се пренесува на раката, а потоа следи надворешна ротација и свиткување под притисок. Потоа слеи потегот кога удира, кога го користи зглобот каде лактот е повторно под притисок. Ако Новак сменеше една од овие две работи, ќе разберев, ама ова е премногу“, рече Муратоглу.
„Многу играчи ја менувале техниката на сервис и тоа често. Надал тоа го има направено неколку пати. Неговиот денешен удар нема врска со техниката од времето кога прв пат го освои Ролан Гарос, кога имаше 19 години“, додава тренерот на Серена Вилијамс.