Тренерот на Валенсија: Фелаини играл со рака, тоа малку ме збеснува

Жозе Мурињо дивееше од радост кога Манчестер Јунајтед за влакно се спаси од пораз и постигна решавачки гол против Јанг Бојс на вчерашниот дуел за пласман во осмина финалето на ЛШ.

Голот на Маруан Фелаини го возбуди целиот стадион, но и го разбранува фудбалскиот свет. Со оваа победа Јунајтед може опуштено да игра во Валенсија бидејќи му е обезбеден влезот во осмина финалето.

Имајќи предвид дека „лилјаците“ паднаа во Италија на гости кај Јувентус, со голот на Марио Манџукиќ, очекувано е што тренерот на Валенсија Марселино Гарсија Торал е нервозен.

„Ми рекоа дека Фелаини играл со рака за победата на Манчестер, но немаме решение за таа ситуација. Она што ме чуди е што ВАР не е воведен во најпрестижното клупско натпреварување во светот. Но, тоа е фудбалот. Сега ќе се сконцентрираме на натпревари во лигата и купот“, рече шпанскиот тренер.

„Да речам дека не ме погодува тоа што ми кажуваат дека Манчестер го постигнал победничкиот гол во продолженија, откако истото го направи и минатото коло, би бил непрофесионален. Но, кога ќе ти кажат дека во голот имало и игра со рака, тогаш се јавува и малку бес.“

За крај, ги пофали Јувентус и Кристијано Роналдо.

„Понекогаш натпреварот го решаваат детали, моменти на инспирација. Знаејќи дека во продолжението ќе имаме потешкотии, во првото полувреме ние имавме една поголема шанса. Потоа Јуве нѐ притисна и една голема акција на Роналдо резултираше со гол. Екипата даде сѐ од себе против еден од главните фаворити за освојување на титулата, па иако сум тажен бидејќи спаднавме од игра, се враќам дома горд на оваа екипа.“

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе