1.МФЛ 2019/20

Тренерското столче на Работнички е проколнато, по Игор Ангеловски никој не може да се снајде

Дебармаалци менуваат тренери, за три години веќе осуммина се променија, но никако да заиграат како што треба. Откако си замина и Константин Влахо, сега тимот ќе го води Марјанчо Андрески, осми по ред откако Игор Ангеловски си замина од Дебар Маало преземајќи ја репрезентацијата.

Работнички официјално го допре дното бидејќи после колото играно викендов падна на последната позиција на табелата. Црвените од Дебар Маало загубија дома од Струга со 1:2 по што тренерот Константин Влахо си поднесе оставка.

„Како морален чин, како тренер и спортски работник, чувствувам морална одговорност дека Работнички по десет одиграни кола се наоѓа на позиција на табелата која не ја заслужува. Од тие причини, понудив оставка до раководството на клубот. Морам да истакнам благодарност до претседателот Драган Поповски за овозможените услови за работа, за професионалниот, фер и коректен однос со сите во клубот, од раководството, преку фудбалерите до сите вработени. Се надевам дека Работнички брзо ќе излезе од оваа резултатска криза и дека ќе се најде на позициите кои ги заслужува“, изјави Влахо за клупската веб-страница.

Колку долго ќе издржи Андрески?
Нов тренер е Марјанчо Андрески, кој досега му беше помошник на Влахо. Неговиот прв испит е веќе в среда кога Работнички му гостува на Шкупи.

Големо е прашањето е колку ќе успее да издржи и овој тренер. Со оглед на тоа што ова ќе му биде прво вакво искуство, да води сениоркси тим како главен тренер, а го чека и тоа каква борба за опстанок, со право постои и тоа каква недоумица и околу овој ангажман.

Осум тренери за три години
Влахо го презема тимот во јуни и издржа само 127 дена на жешката клупа. Работнички мака мачи да најде стратег кој ќе го скрои тимот по мерка и ќе бележи добри резултати. Од заминувањето на селекторот Игор Ангеловски во декември 2015 оваа позиција во клубот како да е проколната. Претходно Баже Лазаревски траеше само 76 денови, а не успеаја да се снајдат ниту Тасевски, Јовановски, Станковски, Франц. Само Треневски успеа подолго од една година да остане, но и тој потоа потфрли.

Никој како Игор Ангеловски
Ангеловски го напушти Работнички за да ја преземе репрезентацијата на Македонија заминувајќи си со лигашка титула и два освоени купа еден по друг, а оттогаш Дебармаалци одат само надолу. Во последните две сезони не излегоа ни во Европа, а сега очајно се борат и да не испаднат во втората лига каде последен пат играа во сезоната 1997/98.

Листа на тренери на Работнички по Ангеловски:
Марјанчо Андрески од 21.10.2019
Александар Влахо од 15.06.2019 до 20.10.2019 (127 денови)
Баже Лазаревски од 30.03.2019 до 14.06.2019 (76)
Жикица Тасевски од 09.10.2018 до 29.03.2019 (171)
Ѓоре Јовановски од 03.04.2018 до 08.10.2018 (188)
Горан Станковски од 25.09.2017 до 02.04.2018 (189)
Виктор Треневски од 19.07.2016 до 25.09.2017 (433)
Томислав Франц од 17.12.2015 до 18.07.2016 (214)
Игор Ангеловски од 01.07.2013 до 16.12.2015 (898)

реклама

Орел улови двометарска ајкула во САД

Read more

Хороскопски знаци кои немаат среќа со парите

Read more

Неверојатна трансформација на спортист пред и по заразување со COVID-19

Read more

Јапонците направија паметна маска за лице

Read more

Фудбал

Зидан: Трпение и тимски дух нѐ доведоа каде што сме

Read more

Несторовски со гол донесе победа над Рома

Read more

Сити го прегази немотивираниот Ливерпул

Read more

Ибра го напушта Милан – се враќа во Шведска

Read more

Спорт

Таткото на Хабиб почина од компликации од COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Зидан: Трпение и тимски дух нѐ доведоа каде што сме

Читај повеќе
  • play_arrow

Несторовски со гол донесе победа над Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити го прегази немотивираниот Ливерпул

Читај повеќе

Лазаров: Ќе останам во спортот како тренер

Читај повеќе

Ибра го напушта Милан – се враќа во Шведска

Читај повеќе

Ролан Гарос ќе прима по 20.000 гледачи на ден

Читај повеќе

Гуардиола најави ремонт: Ништо страшно, никој не е вечен

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанис: Мораме да се подготвиме ментално, ова е најтешката сезона досега

Читај повеќе