Тренинг за сила: Како правилно да вежбате по 40-тата година?

Напорите за слабеење и формирање мускули не се исти на различна возраст низ животот, а и резултатите не следат по ист временски период.

Кардио или тренинг за сила?

Ако сакате да слабеете, многу е важно точно да го одредите редоследот на тренинзите и секако, не смеете да заборавите на тренингот за сила што е потребен за градење мускули и затегнување на телото.

Често се поставува прашањето дали е подобро прво да направите кардио вежби, па потоа да преминете на справите за јакнење на мускулите и кревање тегови, или обратно.

Разни истражувања покажале дека нема разлика во крајниот резултат, а фитнес експертите уште се поделени по ова прашање.

Според фитнес инструкторот Ентони Јенг, секогаш е подобро да одработите тренинг за сила, па потоа кардио вежби бидејќи е поприродно да ги направите потешките работи додека телото е поснажно и посвежо. Ако вежбате во обратен редослед телото ќе биде уморно и ризикувате премногу да се оптоварите и да имате полоша техника на изведувањето на вежбите за сила.

Дијана Чалукс, сопственичка на вебсајтот за вежбање HitchFit.com истакнува дека пред сѐ треба да земете предвид која е вашата цел.

„Ако целта ви е да го намалите масното ткиво, идееално е прво да го изведете тренингот за сила, а потоа кардио вежбите“, вели таа.

Дијана објаснува дека кога правите вежби за сила вашето тело го користи гликогенот, а потоа со кардио вежбите го забрзувате метаболизмот и ги користите мастите.

Тренинг за сила по 40-тата година

Фитнес експертот доктор Ентони Балдузи нагласува дека кога вежбате по 40-тата година мора да имате предвид дека метаболизмот на вашето тело е поразличен отколку на 20 или 30 години.

Тој препорачува пред сѐ да одбегнувате вежби што би можело да резултираат со болка или повреда, бидејќи телото по 40 години не закрепнува на ист начин како некогаш.

Во најновото видео на неговиот канал Fit Father Project - Fitness For Busy Fathers тој дава совети како правилно да го изведете тренингот за сила ако спаѓате во возрасната група над 40 години.

реклама

Филипче: Се координираме со соседите за отворање на границите, најверојатно нема да се бараат тестови

Read more

Познато од кои делови на Скопје се денешните новозаразени

Read more

Секси среда

Read more

SpaceX и НАСА лансираат астронаути во вселената, следете во живо

Read more

Фит

Лесни вежби за истегнување на телото

Read more

Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

Read more

За сериозни: „Spartacus“ вежби за обликување тело

Read more

Кардио вежби за на дождлив ден

Read more

Магазин

Се роди првата коала по страшните пожари во Австралија

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнење гориво 6.000 метри на небото

Читај повеќе

Десетте најсреќни земји во светот во 2020

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботи во Јужна Кореја прават и служат пијалаци на гостите

Читај повеќе

Која храна не треба да се јаде по истекот на рокот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорчани, претеравте!

Читај повеќе

Совршена орео торта од 4 состојки

Читај повеќе

Секс во време на корона: Борделите со препораки за пози со помал ризик од зараза

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесни вежби за истегнување на телото

Читај повеќе