Трет ден протести пред бугарската Влада

Трет ден по ред стотици демонстранти се собраа пред зградата на Министерскиот совет во Софија, јави агенцијата Бгнес.

Пред зградата е распореден полициски кордон.

Според агенцијата, граѓаните скандираат „Оставка” и „Мафија” и вејат бугарски и црни знамиња.

Протестот засега е мирен. 

Полицијата во Бугарија вчера уапси 18 лица по помалите судири за време на протестот против корупција во центарот на Софија, недалеку од местото каде што се собраа приврзаниците на бугарската Влада.

Демонстрантите се собраа откако, по наредба на обвинителството, беше извршена рација во канцеларијата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој често ја критикува Владата.

Владејачката партија ГЕРБ, од чии редови доаѓа премиерот Бојко Борисов, соопшти дека Радев подгрева политичка криза која, како што истакна оваа централно-десничарска партија, „може да биде само во служба на сомнителни деловни интереси“.

– Корупцијата, рекетирањето од страна на обвинителите и непостапувањето против крадците… како и недостигот на правда, е она на што луѓето се спротивставија, рече Радев.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе