Македонија

Трет обид за почеток на судењето против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески

13. декември 2017 - 9:30 | Макфакс

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески денеска во 12 часот треба да се појави на суд за судењето за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Ова ќе биде трет обид за почеток на судењето против него.

На Талески и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

На минатото рочиште, обвинетиот Џими Мицевски побара одложување на рочиштето закажано за денеска затоа што имал турнеја во Австралија. Тој тогаш рече дека доколку не отиде на турнејата, ќе треба да плати 50.000 долари.

„Цела група ќе ја запустам. Ве молам да се раздвои постапката зашто ќе сносам огромни трошоци“, рече Мицевски, кој е фронтмен на групата „Молика“.

Инаку, минатото рочиште на 6 ноември беше одложено поради боледување на една од обвинетите.

Коментирај